Целта е пописот веќе никогаш да не се третира како политичко прашање, вели Заев

Сподели со своите пријатели

Пописот што треба да се спроведе следната година ќе чини осум и пол милиони евра и ќе биде за пет милиони евра помалку од пропаднатиот попис во 2011. Повеќе ќе се користат електронски уреди, отколку хартија, најави денеска премиерот Зоран Заев, презентирајќи ја иницијативата за европски стандарди дома.

Loading...

Тој верува во успешноста на оваа статистичка операција која, како што кажа, ќе биде спроведена според најдобрите стандарди на Европската унија.

– Имаме за цел со Предлог-законот за попис, оваа статистика операција сега и во иднина да не се третира веќе како политичка прашање. Пописот ќе се спроведе, не затоа што Заев така рекол или затоа што Мицковски така сака. Пописот ќе го има затоа што развојот на земјата нема да биде можен без резулатите од него. Затоа што на граѓаните, бизнисмените и институциите им требаат точни статистички податоци за нашето население, порача Заев.

Билјана Анастасова-Костиќ

Leave a Reply