Вчера околу 18.00 часот на автопатот Табановце – Куманово, при движење настанал пожар во предниот дел на патничко возило „Шкода Фаворит“ со полски регистарски ознаки, управувано од В.П.С.(31), во кое како сопатници се превезувале уште три лица – државјани на Република Полска.
Како што информираат од полицијата, возачот застанал и со противпожарни апарати се обиделе да го изгаснат пожарот, но тој се проширил и возилото целосно изгорело.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид на местот на настанот извршила екипа од СВР Куманово.