Цело село добило на лото, само него го изоставила среќата

Сподели со своите пријатели

Кога на шпанската лотарија бил извлечен бројот 58268 скоро целото село Содето со 250 мештани започнало да ја слави премијата од 100 милиони евра. Сите станале добитници на извлекувањето на т.н. дебелко (el gordo) освен несреќниотдоселеник од Грција Костас Мицотакис кој не марел многу за „култот на лотото“ во оваа место па не купил ливче.

Loading...

Оваа несекојдневна ситуација се случила затоа што продажните места на Шпанската божиќна лотарија често добиваат еден или два различни броеви.

Мештаните веднаш излегле на плоштадот во центарот да прослават. Некои веста ги затекнала на трактор и не можеле да веруваат додека не ги виделе веселите соседи. Жените ја запоседнале единствената фризерка во желба да се дотераат за телевизиските камери кои сигурно доаѓаат, но и таа земала слободен ден да прослави.

Селаните, имајќи предвид дека ова е сиромашен дел од земјата, својот дел од богатството го потрошиле претежно на исплата на долгови и вложување во своите фарми, додека ѕидарите задоволно ги триеле рацете порадионие кои решиле да ги реновираат домовите.

Додека течело шампањското единствениот „губитник“ Костас не паднал во очај туку снимил документарец за своите соседи бидејќи по професија е продуцент.

Leave a Reply