Цела Македонија денес во портокалова фаза, температури до 40 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност претежно во јужните и источните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, но дневните ќе бидат во интервал од 21 до 40 степени целзиусови. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8 и се препорачува заштита од сонцето.

Пеколен ден ќе имаме и во Куманово каде температурата ќе достигне до 36от степен во текот на денот, а ќе дува јужен ветер со умерен интензитет. УВ индексот ќе изнесува 7 што е високо.

Центарот за управување со кризи вчера објави портокалова фаза за територијата на целата држава, односно фаза „Алерт 2“. Тоа значи дека институциите треба да перземат дополнителни мерки за заштита на населението и редовно да ја мониторираат состојбата, која е на само чекор од вонредната фаза.

Инаку, под влијание на многу топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде утре и во сабота, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.