Царниците на ГП Табановце запленија музичка опрема и мотор за комбе (фото)

Сподели со своите пријатели

Како што информираат во неделниот извештај на заплени од Царинска управа на Република Македонија, цариниците на ГП Табановце неделава заплениле 25 парчиња музичка опрема и користен мотор за комбе.

Loading...

Цариниците заплениле 25 парчиња музичка опрема, меѓу кои засилувачи за гитара, држач за гитара, предаватели и звучници, 1 сет пневматски алат и 1 лап-топ, откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи се пронајдени во багажниот простор на комбето, помеѓу останатите нови и користени производи имало и 2 нови телевизори, користен фрижидер, 2 нови  правосмукалки, 2 нови микровални печки и користена облека, што возачот ги пријавил за царинска контрола.

За сторениот прекршок против возачот е поведена соодветна постапка.

Motor od kombe,mobilna

Цариниците на ГП „Табановце“ исто така заплениле и еден користен мотор за комбе, откриен од страна на мобилните царински тимови при контрола на германски автомобил управуван од македонски државјанин со привремен престој во Италија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Моторот сокриен под ќебе и облека, е пронајден во багажникот на возилото, а во фиоката за документи е пронајдена и фактура за истиот. Против возачот ќе биде поднесена соодветна постапка за сторениот прекршок.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.