Царински службеници на Гевгелија откриле 21 мигрант сокриени во товарен воз

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Царинската Управа во неделниот извештај за заплени, на железничката станица во Гевгелија, царинските службеници спречија обид за нелегален влез на 21 патник во државата.

Илегалните мигранти, кои немале документи за идентификација и не се знае од кои држави потекнуваат, биле пронајдени во последниот вагон од товарен воз со празни вагони, пријавен за влез во државата.

Случајот е предаден на полициската служба на железничката станица за понатамошна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.