Царинската управа со кривични пријави за криумчарење стока на Табановце

Сподели со своите пријатели

Две кривични пријави од стран на Царинската управа се поднесену преку Основното јавно обвинителство во Куманово под сомнение дека во е извршено криумчарење на стока за која не биле платени прописните царински такси, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материиинформираат од Царинската управа на Република Македонија.

Една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Куманово, била поднесена против  физичко лице, македонски државјанин, за обид за криумчарење на стока, со вкупна вредност од околу 206 илјади денари. Осомничениот, како патник во патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, се пријавил за влез во Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. во багажниот простор, сместен во црн ранец, бил пронајден еден дигитален фотоапарат марка „NIKON“ модел D750 комплет со полнач и еден објектив марка NIKON 24-70mm F2.8 G AF-S.

Loading...

Кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Куманово, била поднесена и против физичко лице, македонски државјанин, за обид за нелегално внесување на пиротехнички средства во Република Македонија. На ден 03.01.2015 година, осомничениот, како возач на автобус со дански регистарски ознаки се пријавил за влез во Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При извршена детална контрола на возилото, во две најлонски кеси сместени во делот на автобусот наменет за багаж, биле пронајдени 7 кутии огномети со вкупно 227 распрскувачки единици и 6 парчиња ракети.

Лицата кривично ќе одговараат за сторените дела според Законите на Република Македонија