Царинската управа поднесе кривична пријава за криумчарење 3,8кг марихуана

Сподели со своите пријатели

Постапувајќи по констатираните неправилности, во декември 2015 година Царинската управа на Република Македонија до надлежните јавни обвинителства поднесе 4 кривични пријави, против 4 физички лица и едно правно лице.

Една кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена против албански државјанин, заради обид за криумчарење на околу 3,8 килограми марихуана.

Имено на 22.12.2015 година, на граничниот премин Табановце автопат, за излез од Република Македонија се пријавил албански автомобил, управуван од осомничениот. При контрола на автомобилот, во задниот браник како и во два бункери кои се наоѓале од двете страни по должина на целото возило, биле пронајдени вкупно три најлонски пакувања обвиткани со проѕирен најлон, индиго и проѕирна леплива лента, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, која на тестер за дрога покажала присуство на марихуана. По извршено вештачење во Одделот за криминалистичка техника, при МВР, утврдено е дека непознатата растителна материја преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 3831,2 грама. Пријавениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот Суд Куманово кој му одреди мерка притвор.

Една кривична пријава, е поднесена против македонски државјанин за обид за криумчарење на на разна стока (лекови, парфеми, тоалетни води, балони и компресор) со вкупна вредност од над 700 илјади денари.

Имено, на 04.12.2015 година, на патниот правец Скопје-Куманово, во близина на патарината Миладиновци, мобилните царински тимови сопреле за царинска контрола турски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Пеќ, управуван од осомничениот. Автобусот бил проследен до царинската испостава Скопје 4, каде била извршена детална контрола, при што во повеќе фабрички празнини биле пронајдени 507 пакувања различни лекови, 120 парфеми, 65 тоалетни води, 5.000 балони и 1 компресор.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.