Царинската управа откри 13 мигранти кои се движат кон Куманово

Сподели со своите пријатели

Мобилните царински тимови пронашле 13 мигранти без документи за идентификација.

Кон крајот на минатиот месец, поточно на 31ви мај околу 22:00 часот, на автопатот Скопје – Куманово, околу петстотини метри по новата патарина Романовце, во правец на Куманово, царинските службеници забележале патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, паркирано на десната коловозна лента, при што приметиле како од возилото излегуваат луѓе.

Како што стои во извештајот на ЦУРМ, македонскиот државјанин кој го управувал возилото изјавил дека лицата ги земал од Гевгелија и требало да ги однесе до село Лопате, Куманово, но бидејќи му снемало гориво се паркирал и чекал да му биде донесно гориво од страна на луѓето кои му биле претходница. Според нивна изјава, дел од мигрантите биле од Авганистан, а дел од Бангладеш. Лицата и патничкото моторно возило биле предадени на Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply