Царинска управа пронајде неиспитана домашна ракија пуштена во продажба

Сподели со своите пријатели

Во текот на мај 2015 година, Царинската управа на Република Македонија, согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, изврши контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли во малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра.

Loading...

Од досега извршените контроли неправилности се откриени во 6 трговски друштва при што привремено се задржани акцизни добра – алкохолни пијалоци, информира Царинска Управа на РМ.

При контрола на 2 трговски друштва (1 угостителски и 1 малопродажен објект) откриени се шишиња со домашна ракија кои воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба. Ракијата е  привремено задржана.

Конзумирањето неиспитани, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето.

Царинската управа ќе продолжи со редовни контроли на обележување и употреба на контролни марки – бандероли во малопродажни и угостителски објекти на целата територија на Република Македонија, како и контроли на безбедноста на акцизните добра.

Контролите се вршат со цел обезбедување сите иматели на акцизни дозволи и акцизни одобренија, како и учесниците во трговските операции кои вклучуваат промет со акцизни добра – минерални масла, алкохол и алкохолни пијалоци, тутунски добра и патнички автомобили, целосно да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Законот за акцизите.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.