Цариниците запленија 1,7 тони режан тутун (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа викендов спречиле обид за пуштање во слободен промет на 1,7 тони режан тутун наменет за „црниот пазар” за кој не биле платени законски пропишаните давачки, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Имено, при контрола од страна на царински инспектори, извршена на 13.02.2016 година околу 18:40 часот на скопската обиколница, кај клучката за излез кон населбата Радишани сопрено било комбе марка „Мерцедес Бенз 220“ со македонски регистарски ознаки,  управувано од македонски државјанин со иницијали Ш. А. од село Брест, општина Чучер Сандево.

 

Loading...

photo 031

 

При детален преглед, во товарниот простор на возилото пронајдени биле 183 црни најлонски вреќи наполнети со режан тутун со вкупна тежина од 1.740 килограми. Од извршената проверка надлежните утврдиле дека лицето што го превезувало режаниот тутун не поседува никаква документација за набавка на истиот, ниту за платени давачки.

 

photo 027

 

Од преземените предистражни мерки и активности, утврдено било дека лицето го презело и го натоварило режаниот тутун во околината на селото Липково со намера да го пренесе до селото Блаце, за паричен надомест од 170 евра. Покрај тоа, утврдено било дека регистарските ознаки пронајдени на возилото не припаѓаат на истото, односно се незаконски наместени на товарното возило.

Утврдено е дека за тутунот кој бил наменет за „црниот пазар” не се платени законски пропишаните давачки. Вкупниот износот на неплатена акциза за запленетите 1.740 килограми режан тутун е скоро 2,8 милиони денари.

 

photo 007

Loading...

 

По завршување на  предистражната постапка и комплетирање на сите докази  Царинската управа на Република Македонија против осомничениот ќе поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „недозволено пренесување на акцизно добро односно стока“ и „фалсификување исправа“, информираат од Управата.

Видео од акцијата можете да погледнете на следниот линк.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.