Цариниците на Табановце запленија девизи, марихуана и непријавени цигари (фото)

Сподели со своите пријатели

Десет илјади евра се откриени при личен претрес на холандски државјанин, кој управувајќи холандски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени.

Loading...

Devizi,Tabanovce

 Во џеб од јакната на патникот се пронајдени 20.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло или потврда за внесување на готови пари издадена од царински орган на влез во државата. На патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.

Цариниците запленија и 20 штеки цигари Marlboro, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на француски автомобил, управуван од француски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Десет штеки се пронајдени на задното седиште, покриени со ќебе, а по пет штеки се пронајдени под возачкото и пред совозачкото седиште прикриени со патна торба. Непријавените цигари се привремено задржани а против сторителот е поведена соодветна постапка.

Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат спречија и обид за криумчарење семки од марихуана.

На ден 19.10.2015 година за излез од државата се пријавил полски автобус, што сообраќал на релација Атина-Краков. При контрола на патната торба на словачки државјанин, патник во автобусот, помеѓу неговите лични работи, е пронајдено картонско кутивче со 37 семки од марихуана. Патникот изјавил дека од почетокот на месец јуни престојувал и работел во Лептокарија, Грција, каде од грчки државјанин ги набавил семките со цел да ги однесе дома и да ги засади, затоа што бил уживател на марихуана.

Царинската управа поднесе кривична пријава против патникот, за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Осомничениот е предадедн на судија за претходна постапка во Основниот Суд Куманово, каде е донесена пресуда со предлог спогодба со која осомничениот е прогласен за виновен и му е утврдена казна условна осуда – казна затвор 9 месеци која нема да се изврши доколку истиот не стори друго кривично дело во период од 5 години, како и протерување на странец од Република Македонија со забрана за влез во државата 10 години.

Loading...

Vrvovi za ogradi,Tabanovce

 Тристотини триесет и два метални врвови за ограда и 4 гуми за патничко возило, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, во 6 картонски кутии сместени во багажникот на возилото, се пронајдени 332 метални врвови за огради, а во вториот случај, во багажникот на возилото се пронајдени 4 гуми за патничко возило.

Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите се поведени соодветни постапки.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.