Цариниците на Табановце запленија девизи, лекови, цигари и парфеми (фото)

Сподели со своите пријатели

Две илјади швајцарски франци биле откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил, се пријавил за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени.

Loading...

Cigari, Tabanovce

Патникот пријавил дека со себе носи 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, во џеб од неговите панталони се пронајдени уште 2.000 швајцарски франци за кои не поседувал документ за потекло.

Согласно законските прописи, на патникот мусе вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а швајцарските франци се привремено задржани и против патникот е отпочната соодветна постапка.

Avtodelovi,lekovi,mobilna

Шеесет и осум кутии разни лекови (LETENSIN, NIGERSAN, NOTAKEHL, PINIKEHL, EXMYKEHL D5, MICOKEHL и др.) и 42 парчиња автоделови (филтер за масло, огледало за ретровизор, штрафови, ланец за мотор, дихтунзи и др.), се истотака откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко возило со германски привремени таблички, управувано од германски државјанин со регулиран привремен престој во Скопје, пријавено за влез во државата на  граничниот премин Табановце автопат.

Лековите се пронајдени во патна торба сместена во багажникот на возилото и во просторот за резервна гума, додека автоделовите се пронајдени позади предните седишта на возилото.

Непријавените производи се привремено задржани, а против пријавениот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело “Криумчарење”.

Loading...

 Cigari, mobilna

Шеесет штеки цигари PALL MALL RED и LD RED, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на празен македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените цигари се пронајдени во возачката кабина на возилото, на креветот покриени со ќебе и во фиоката за документи.

Parfemi,mobilna

Сто седумдесет и седум парфеми и 4 сетови козметички производи, откриени во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автобуси.

Во првиот случај, при контрола на српски автобус, што сообраќал на релација Белград-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во 4 мали торбички, сокриени под личните работи во патна торба, сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот, пронајдени се 155 парфеми од 20ml.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.