Цариниците на Табановце спречија шверц на огнено оружје

Сподели со своите пријатели

Пиштол марка ZORAKI–M 906 со 5 куршуми марка P.A PV WADIE калибар 9 mm во рамка, се откриени кај полски државјанин, сопатник во патничко моторно возило со чешки регистарски таблици, управувано од лице со чешко и полско државјанство, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени на граничните премини.

Loading...

 Покрај пиштолот и куршумите кои се пронајдени во мала црна машка торбичка, во предниот десен џеб од панталоните на сопатникот, во розево метално кутивче пронајдена е и 1,5 гр. марихуана.