Цариниците на Табановце открија криумчарење на таблети и суплементи

Сподели со своите пријатели

Сто опаковки по 20 таблети Ce Sum Leta, Fero Sum Leta, Cink Sum Leta и Selen Sum Leta и 10 опаковки по 24 таблети Api Sept додатоци за исхрана биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени на граничните премини. 

Loading...

Непријавените производи, пронајдени во кеси под возачкото и на совозачкото седиште се привремено задржани, а против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

Avtodelovi,Tabanovce

На граничниот премин Табановце автопат откриени се и 20 комплети ламела со потисна плоча и замaец за различни возила, при контрола на македонски камион за превоз на автомобили, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата .

Автоделовите се пронајдени во багажниците на девет употребувани возила, натоварени на камионот. Истите се привремено задржани, а против прекршителот е отпочната соодветна постапка.