Цариниците на Табановце открија бункер во автомобил и лед рефлектори (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници откриле три царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено бле изадржани возило со бункер, гума за градежна столарија, лед рефлектори, разни употребувани производи, капи и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Мобилните царински тимови привремено задржале едно патничко возило со специјално конструиран бункер. Имено, на 24.03.2016 година, на граничниот премин Табановце автопат, за излез од државата се пријавил албански автомобил, управуван од албански државјанин. При детална контрола на возилото, мобилните царински тимови откриле специјално конструиран бункер за криумчарење на недозволена стока, сместен во багажниот простор, поточно од делот за резервна гума до задниот браник. Возилото било привремено задржано а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

Loading...

vozilo so bunker

 

Седум лед рефлектори марка DUMONDA LED MF120125-NW, откриени биле при контрола на швајцарски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во просторот наменет за резервно тркало, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.