Цариниците на ГП Табановце запленија 10 илјади евра, автоделови и гасен пиштол (фото)

Сподели со своите пријатели

Изминатата недела цариниците на ГП Табановце имале полни раце работа. Како што известуваат од Царинската управа на Република Македонија, на граничниот прмин Табановце во изминатата седмица се запленети 10 илјади евра, 586 автоделови и еден гасен пиштол.

Loading...

При контрола на српски автомобил, со кој за излез од државата преку граничниот премин Табановце автопат се пријавиле тројца српски државјани се откриени 10.000 евра. На прашање на царинските службеници, патниците одговориле дека носат девизи во рамки на дозволеното, но при контрола на нивниот багаж, на дното на една патна торба и во странична преграда на друга патна торба, сопственост на патник во возилото, се пронајдени вкупно 19.200 евра, додека во странична преграда на патна торба, сопственост на возачот се пронајдени 10.800 евра.

Согласно законските прописи на патниците им биле вратени по 10.000 евра, додека привремено се задржани од едниот патник 9.200 евра, а од возачот 800 евра.

Цариниците заплениле и 586 автоделови, откриени во два одвоени случаи, од страна на обилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на српски камион управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во две картонски кутии, сместени под креветот во кабината на возилото, се пронајдени 580 разни авто делови (грејачи, механички пумпи, спојници за црево, лагери, ребрасти ремени, семеринзи и термостати), со вкупна вредност од околу 140.000 денари.

Avtodelovi,mobilna

Во вториот случај, на патниот правец Табановце – Куманово, во соработка со припадници на МВР, била извршена контрола на српски автомобил управуван од српски државјанин, при што под хаубата на возилото, во просторот околу моторот се пронајдени 3 егер вентили и 3 полуосовини за патнички возила марка Golf и Sharan.

Во двата случаи, непријавените автоделови се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Loading...

Во посебен случај се откриени и 38 нови фарови и стоп-светла за различни возила, при контрола на патничко возило со привремени германски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Farovi,Tabanovce

Непријавените производи се пронајдени во неколку кутии со облека, сместени на задното седиште и во багажникот на возилото. Автоделовите се привремено задржани, а против возачот поведена прекршочна постапка.

Царинските службеници на ГП Табановце заплениле и еден гасен пиштол марка SWISS ARMS P1911 Match, 25 парчиња патрони за гасен пиштол наполнети со CO2 марка SWISS ARMS С12-06-А2 и 1.490 дијаболи марка Copperhead, откриени при контрола на норвешки автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце – автопат.

Gasen pistol,Tabanovce

Оружјето и муницијата се пронајдени скриени помеѓу личните работи на возачот, во куфер сместен во багажникот на возилото. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка за сторениот прекршок.