Полицијата на Филипини заплени повеќе од 1.500 живи желки на аеродромот во Манила.
Loading...
Желките биле пронајдени во багажник, завиткани во селотепј. Вкупно имало 1.529 желки од различни видови, вклучително и загрозената африканска сулката желка.
Куферите во кои биле пронајдени не ги презел никој. Полицијата верува дека криумчарот дознал за строгите казни за илегална трговија со животни.
Пронајдените желки на пазарот можеле да достигнат цена од 4,5 милиони пезоси, односно 86.631 долари.
Желките се чуваат како егзотични домашни миленици, се користат во традиционалната медицина и служат како деликатес ширум Азија.