Царината спречи шверц на супи, техничка стока и мигранти

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани технички производи, возило со бункер, автоделови, заштитни средства, вештачко ѓубриво, прехранбени производи, облека и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Loading...

Вкупно 26 парчња разни употребувани технички производи (алат и преносни компјутери), биле откриени при контрола на француски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, пронајдени во багажниот простор помеѓу торби со облека и храна, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

1.435 паковки супи Подравка, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, биле пронајдени во картонски кутии покриени со кеси и сместени под и позади возачкото седиште, пред совозачкото седиште и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

На железничката станица Табановце, откако била забележана лепена царинска пломба на еден од контејнерите натоварени на товарен воз, пријавен за излез од државата, царинските службеници во соработка со полициски службеници и претставници од Македонски железници, извршиле контрола на контејнерот при што биле откриени 5 мигранти.

Истите биле предадени на полициските службеници за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply