Царина Табановце откри обид за шверц на девизи, цигари и модни додатоци (фото)

Сподели со своите пријатели

Пет илјади евра се откриени при контрола на унгарски автомобил, управуван од унгарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Патникот пријавил дека со себе носи 10.000 евра, но при контрола на багажникот на возилото, во патна торба, во јакна на патникот се пронајдени уште 5.000 евра, кои се привремено задржани.Против патникот ќе биде поведена соодветна постапка за сторениот прекршок.

Domasna rakija,Kumanovo

Царинските службеници од царинарница Куманово открија 46,5 литри домашна ракија и 12,5 килограми режан тутун при контрола на продажба на акцизна стока во малопродажни објекти на територијата на Крива Паланка.

Во еден случај, при контрола на малопродажен објект, во надворешниот дел од објектот каде била сместена разновидна стока за малопродажба, била пронајдена домашната ракија и тутунот без акцизни маркички и без сертификат за квалитет, со чија продажба се доведува во опасност здравјето на граѓаните и е избегната наплата на акцизни и други давачки.

Против прекршителот Царинската управа ќе поведе соодветна постапка.

Cigari,Deve Bair

Дваесет штеки цигари RODEO со македонски акцизни маркички се откриени при преглед на патна торба на македонски државјанин, патник во автобус со дански регистарски таблички пријавен за излез од државата, на  граничниот премин Табановце.

Loading...

Tasni,paricnici, Tabanovce

Шеесет и еден женски моден додаток (чанти, паричници и ремени) се истотака откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Модните додатоци се пронајдени во багажникот на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.