Буркина Фасо: Пронајдени тела на 28 лица убиени од огнено оружје

Сподели со своите пријатели

Тела на 28 лица убиени со огнено оружје се пронајдени во северозападниот град Нуна во Буркина Фасо, потврди во понеделникот локалното обвинителство.

Loading...

Истрагата е покрената по пронаоѓањето на телата на крајот на декември минатата година, објави обвинителството, без да прецизира други детали, можните сторители, како и мотивите на нападот.

Оваа западноафриканска земја се соочува со бунт на џихадистите што се прошири од Мали веќе една деценија.

Илјадници луѓе беа убиени, додека милиони беа протерани од своите домови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела