Главната атракција на Дубаи, највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа има 160 ката, повисока е 289 метри од новиот Светски трговски центар на менхетен, а кога и да отидете во Дубаи ќе ја видите нејзината силуета од било каде.
Овој облакодер отворен е во 2010 година, откако се градел цели шест години. На него биле потрошени 2,7 милијарди, а официјалното отварање било проследено со спектакуларен едноминутен огномет. На градбата Бурџ Калифа работеле 12 илјади работници дневно, а заедно сработеле 22 милиони часа.
Темелите на овој облакодер се наоѓаат 42 метри под земјата, а потреби биле четири месеци да се измијат сите прозорци, а ги има вкупно 24.000.
Во 2010 облакодерот бил искористен и за снимање на филмот „Невозможна мисија“, а Том Круз висел од врвот на Бурџ Калифа. Оваа зграда е навистина фотогеничка, па често фотографите ја користат за драматични сцени при удар од молња, што често се случува поради материјалот од кој објектот е изграде, односно алуминиум и нерѓосувачко железо.
Loading...