Бурата Ета усмрти околу 100 луѓе во Централна Америка

Сподели со своите пријатели

Околу сто луѓе загинаа откако бурата Ета ја погоди Централна Америка. Голем број од жртвите биле затрупани во своите домови поради лизгање на земјиштето.

Loading...

Ета е една од најголемите бури што ја погодиле Централна Америка во изминатите неколку години, а американскиот Национален центар за урагани предупреди дека во регионот ќе продолжат „катастрофалните поплави“.

Бурата оштети патишта и мостови, а во тек се спасувачки операции ширум Хондурас и Гватемала, во кои се вклучени и националните армии.

Ета на 3 ноември ја погоди Никарагва како ураган од четврти степен, со ветер со брзина од 241 километри на час, а потоа изгуби на интензитет.

Марина Илиевска

Leave a Reply