Бурата Ета со максимална брзина на Флорида

Сподели со своите пријатели

Градовите во јужна Флорида се погодени од тропската бура Ета, а една од најпогодените урбани области е Форт Лодердејл. Многу домови беа поплавени, а водата не се повлекуваше со часови.

Loading...

Како што пренесуваат американските медиуми, тропската бура Ета вчера стигна до јужните острови на Флорида во САД, откако помина низ Централна Америка и Мексико, каде зад себе остави десетици жртви и над 100 исчезнати.

Властите на Флорида ги затворија плажите, местата за тестирање за Ковид-19, го запреа сообраќајот и ги повикаа луѓето да не излегуваат на улиците.

Ета имаше максимална брзина на ветерот од 100 километри на час. Се движеше запад-северозапад со брзина од 22 километри на час. 

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply