Германската економија најверојатно ќе стагнира или ќе падне поради новите мерки преземени во земјата и во странство за борба против вториот бран на пандемијата на коронавирусот, кои влијаат на угостителството, како и на извозот, соопшти денеска Бундесбанката.
Оставајќи ги училиштата отворени и воведувајќи ограничувања кои главно влијаат на активностите на кетерингот и угостителството, Германија зазеде помек пристап од некои свои соседи, но сепак ќе страда од забавувањето на побарувачката во странство.
– Вкупните економски перформанси може да стагнираат или дури и да паднат по многу силниот раст ова лето, соопшти Бундесбанката во својот месечен извештај.
Германската централна банка додава дека економскиот пад веројатно нема да биде ист како минатата пролет и оти напредокот во развојот на вакцината против Ковид-19 ги зголеми надежите дека наскоро ќе се воспостави рамнотежа помеѓу спречување на вирусот и оставање отворена економија.
Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските сојузни држави денеска ќе се состанат во врска со продолжувањето на рестриктивните мерки чие времетраење првично беше планирано до крајот на ноември.
Јасмина Тасевска