Со претставата „Седумте стола“ утре продолжува репертоарот на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
Loading...
Како што информираат од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, билети за претставата има и може да се набават на билетарницата која работи и утре од 12:00 до 14:00 и од 16:00 до 20:00 часот.
Инаку, станува збор за комедија во изведба на Драмски театар од Ловеч, Република Бугарија во која улогите ги играат Пенко Господинов, Петко Венелинов, Борјана Бабанова, Георги Грозев, Елица Костова, Павел Емилов и Јавор Костов Јаша.
Режисер на претставата е Дамјан Танев, а истата започнува во 20:00 часот.
Никола Ивановски