Бугарија ќе ни ”помага” со бегалците со оклопни возила на четири гранични премини

Сподели со своите пријатели

На четирите гранични премини со Македонија, Бугарија ќе испрати оклопни возила да и помогне на пограничната полиција во случај на прилив од бегалци, пренесува српската новинска агенција БЕТА, повикувајќи се на соопштението од Министерството за одбрана на Бугарија.

Loading...

„Сакаме превентивно да го зголемиме чувањето на границите кои ги обезбедува граничната полиција“, изјавил претставник на министерството, Николај Караиванов.

Како што наведува Караиванов, вкупно 25 војници со неколку оклопни возила се веќе упатени на бугарско – македонската граница, но нивниот број може да се зголеми ако тоа биде потребно, пренесува српски РТС.

Од почетокот на годината Бугарија примила 15.000 илегални мигранти, вклучувајќи и Сиријци кои во земјата дошле од Турција.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.