Буџетот е стабилен, верувам дека на време ќе се донесе ребалансот, порача Заев

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека Буџетот е стабилен и изрази надеж дека неговиот рабаланс ќе биде донесен навремено, апелирајќи до министерот за финансии да бидат прифатени сите амандмани кои се добри и можат да бидат исфинансирани.

Loading...

– Сега се разбиени буквално сите лимити на јавен долг и во светот и во Европа и насекаде. Ние немаме проблем, Буџетот е стабилен. Гледате дека најголемите даноци, ДДВ, персоналниот данок на дохот и данокот на добивка, иако имаме одложени аконтации со одлуки или уредби со законски сили сите се или на исто ниво или имаме одредено зголемување. Ние сме финансиски стабилни, екстензивноста на Буџетот, којашто ја гледате во овој ребаланс, а веројатно ќе ја има се додека трае кризата, е барање начин како да се вбризгаат допополнително плус пари за да и помогнеме на економијата, потенцираше претседателот на Владата.

Тој образложи дека Владата развива таква политика заради тоа што смета дека секоја криза е и можност, посочувајќи дека верува оти имаме многу неискористени потенцијали коишто треба да се искористат.

Во однос на ребалансот на Буџетот, премиерот изјави дека верува оти навремено, согласно сите процедури во Собранието, ќе се донесе, упатувајќи апел до министерот за финансии, сето тоа што е добро и постои можност државата да го исфинансира, да се прифатат тие амандмани, сеедно кој ги предлага.

– Мене ми е значајно ако може како што се запазени процедурите до крајот на октомври, затоа што сите тие алоцирани пари треба да ги вбризгаме, истрошиме, исплатиме, во ноември и декември и се многу значајни средства коишто, очекуваме дури падот на БДП од пет проценти, токму заради тие пари да биде намален на минус 4,4 отсто, истакна Заев.

На новинарско прашање околу можност за воведување на вонредна состојба, премиерот истакна оти Владата останува конзистентна на нејзините политики дека институциите во парламентарна демократија како во нашата земја треба да бидат максимално функционални.

– Јас не сум приврзаник на вонредна состојба, Парламентот на крајот е заштитата на демократските права на граѓаните и тој треба да биде во функција. Јас верувам дека ќе се најде начин и од парламентарното мнозинство и од парламентарното малцинство да се донесе начин на работење на Парламентот онлајн. Верувам дека не треба да размислуваме за вонредна состојба и Парламентот мора да работи, посочи претседателот на Владата.

Околу гласините дека претеници од помалите партии од Коалицијата „Можеме“ сакаат да преминат во ВМРО-ДПМНЕ, премиерот констатираше дека тие што го зборуваат тоа „си прават излет на мозокот“.

Loading...

– За да добиете ви требаат албански партии, на која политичка основа, на укинувањето на трите договори, на создавањето на чиста Македонија… зборував пред две години, зборувам и сега, додека не ја променат менталната матрица во своето политичко делување ќе останат долго време опозиција, заклучи премиерот Заев.

Симона Митровска


Leave a Reply