Брзо пламнува и не сака да губи: Каков бил Ким Џонг Ун додека учел во Европа? (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Некои од поранешните школски другари на Ким Џонг Ун, кои заедно со севернокорејскиот лидер студирале, се обидуваат да се помират со сеќавањата на нивниот добар пријател кој бил опседнат со кошарка.

Според зборовите на луѓето кои со него оделе во германското училиште во близина на Берг, Пвајцарија, Ким имал добра смисла за хумор и импресивна колекција на тренерките „Најк“.

– Беше добар другар. Доста се забавувавме заедно. Беше добро момче и многумина го сакаа. Ништо не знам за неговиот живот сега, го знам само оној кој со мене одеше на училиште. Би сакал да му кажам дека ако некогаш има време може да ме контактира за да го надополниме времето кое се немаме видено, рекол Јоао Мицалео, кој сега работи како шеф на кујна во ресторан во Берн.

 

Loading...

 

Другарот од школските денови на севернокорејскиот лидер истакнува дека тој сакал кошарка и често играле заедно.

На училиште го нарекувале „Пак Ун“ и опишува е како син на еден од вработените во амбасадата на Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер во детството особено бил ентузијастичен за НБА тимот „Чикаго булс“ и бил добар кошаркар и покрај својата височина и вишокот килограми.

– Беше смешен. Секогаш беше расположен за смеа. Исто така, не сакаше да губи. Победата му беше многу важна. Имаше добра смисла за хумор и се сложуваше со сите, дури и со оние ученици кои доаѓаа од земјите „непријатели“ на Северна Кореја, рекол Марко Имхоф, негов соученик.

 

 

Истакнуваат дека политиката била табу тема на училиште, па расправале за фудбалот, а не за политиката.

Некогашниот телохранител на неговиот починат татко Ким Џонг Ил, рекол дека изолираното детство на Ким Џонг Ун било стресно и експлозивно.

– Беше депримиран затоа што немаше врсници со кои може да се игра. Имаше само повозасни кои го учеа и играа со него, рекол Ли Јунг Гук.

Ли, кој бил еден од телохранителите на семејството Ким цели 11 години, рекол дека неговата личност била експлозивна.

– Кога беше лут, делуваше без да ги разгледува последиците. Брзо пламнува. Не го интересира што мислат другите, нему му е жал за другите, работи се што ќе посака. Тој беше таков.

 

Loading...

 

ЖИВОТОТ ВО ШРАЈЦАРИЈА

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун живеел во Швајцарија девет години, а не само две, како што се мислело. Синот на Ким Џонг Ил дошол во Швајцарија за да живее во ноември 1991 година, кога имал девет години.

Швајцарскиот весник „Матен“ објави пред неколку години дека одел во државно училиште во Либегелд, под лажното име Ун Пак, од август 1998 година до почетокот на 2001 година.

Овој досега непознат податок е пронајден во Федералната архива, во регистарот на слубжите на државното Министерство на конфедерацијата, а се работи за формулар за добивање дипломатски акредитации на името на извесен Нам Шол Пак, функционер на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

 

 

Нам Шол Пак влегол во Швајцарија во ноември 1991 година, како функционер на мисијата на Северна Кореја при ОН во Женева, за да нешто подоцна биде префрлен во севернокорејската амбасада во Берн, а му се придружил и извесен Хун Пак, роден 1984 година.

Како што открива швајцарскиот весник, шол Пак и Хун Пак, подоцна Ун Пак, всушност се Ким Џонг Шол и Ким Џонг Ун, двајцата најмлади синови на покојниот Ким Џонг Ил.

Ова откритие ги наметнува прашањата, на пример, што Ким Џонг Ун работел од 1991 до 1998 година и на кој начин се школувал, наведува весникот.

ПРЕСТИЖНО УЧИЛИШТЕ

Ким Џонг Ун одел во престижното Интернационално училиште во Берн под иметот „Institut Le Rosi“.

Училиштето е основано во 1980 година и се смета за најскапото приватно училиште во светот. Годишната школарина ви која е вклучено и сместувањето изнесува околу 133.000 долари.

 

 

Листата на поранешните ученици е запрепастувачка, од поранешниот ирански шах Ага Кхан, белгискиот крал Алберт Втори, принцот Раинер од Монако, Доди Ал Фаед, до децата на кралските семејства на Египет, Грција, Југославија, Италија и Велика Британија. Како и наследниците на американските милијардерски семејства Ротшилд, Роквелер и ду Понт.

Loading...