BRZI и ZUMI ја објавија новата песна „California“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Музичарите Brzi и Zumi ја претставија својата нова заедничка песна со наслов „California“, која е интересена македонско – германска соработка.

Станува збор за урбан трак во кој двајцата артисти соработуваат со продуцентот Remo, кој е потписник на музиката и аранжманот.

Текстот на песната е заедничко дело на Brzi и Zumi, додека за финалниот звук, миксот и мастерингот беше задолжен Muking.

Видеоспотот за „California“ е режиран, снимен и монтиран од Lxrd, а визуелно ја следи атмосферата и динамиката на песната.

Песната и видеото се веќе достапни на дигиталните платформи.