БРЗИ И ПИЈАНИ: Низа казни викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и пет лица биле фатени како возат пијани, а 15 како возат пребрзо, викендов на територијата на Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се 15 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната и 35 за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седум пратеници од Куманово и еден од Липково во новиот парламентарен состав

Никола Ивановски