Бронза за кумановецот Лука Велковски од меѓународен кик-бокс турнир во Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Лука Велковски од Кик-бокс клубот „Куманово 2006“ се закити со бронзен медал на Меѓународниот турнир во кик-бокс дисциплини кој изминатиот викенд се одржа во Ниш, Република Србија.

Loading...

 

 

Велковски во полуфиналето се сретна со противник од клубот „Вождовац“ Василије Илиќ, во рамноправна лавовска борба во која не се штедеа и двајцата. Сепак Илиќ ја однесе победата.

– Голема благодарност до градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и Општинскиот сојуз на спортови и правните субјекти „Махагони“ и „Бучен козјак“ кои го помогнаа оваа учество на турнирот како што ни помагаа и во текот на целата 2021 година. ние ќе продолжиме со тренинзите и очекуваме успех и во иднина, изјави тренерот Илиевски.

 

Loading...

 

Турнирот инаку беше во организација на Кик-бокс клубот „Витез“ од Ниш, Србија. Се одржа од 3ти до 5ти декември, а свое учество зедоа 280 натпреварувачи од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.

 

Никола Ивановски