Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија надмина 24.000

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија надмина 24.000, соопштија локалните власти.

Loading...

Турската агенција за управување со вонредни состојби утринава соопшти дека бројот на жртвите од земјотресот во Турција се искачи на 20.665, додека властите во Сирија соопштија дека во таа земја животот го загубиле 3.553 лица, пренесува Си-Ен-Ен.

Според турската администрација, речиси 93.000 луѓе биле евакуирани од делот на земјата што во понеделникот беше погоден од земјотресот, пренесува Ројтерс.

Во спасувачките операции и помагањето на повредените беа ангажирани 166.000 членови на стручниот штаб.

По првиот земјотрес од 7,9 степени во понеделникот, кој ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, беа регистрирани 1.891 последователни потреси.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.