Бројот на жртвите од земјотресите во Сирија и Турција надмина 46.000

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во разорните земјотреси на југот на Турција се зголеми на 41.020, објави турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), додека најновите податоци од Сирија покажуваат најмалку 5.840 жртви, јавува Anadolu Agency.

Loading...

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмарас, погодија 11 провинции на 6 февруари, уништувајќи илјадници згради и погоди повеќе од 13 милиони луѓе.

По земјотресот се регистрирани 6.212 последователни потреси.

Над 19.000 припадници на АФАД и други полициски и противпожарни единици, невладини организации и меѓународни тимови сѐ уште работат на подрачјето погодено од земјотресите, но надежите на спасувачите дека под урнатините ќе има уште еден преживеан се намалуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија нападна тенкови во јужна Сирија

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.