Бројот на жртви во сообраќајката во Хрватска се искачи на 12

Сподели со своите пријатели

Најмалку 12 лица загинаа – 11 на лице место, а уште еден почина во болница кога автобусот со полски регистерски таблички излетал од автопатот во Хрватска.

Loading...

Неколку лица се тешко повредени, има и такви кои се борат за живот. Во хрватските болници се сместени 32 лица.

Несреќата се случила утрово околу 5:40 часот, на автопатот А4 во правец кон Загреб (меѓу Јарек Бисаски и Подворец).

„Во истиот момент по добиена пријава сите служби излегоа на терен. Единаесет лица починаа, 32 лица се примени во болниците во Вараждин, Загреб и Чаковец. Почина уште едно лице кое беше примено на болничко лекување“, изјави министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Автобусот сообраќал од место во близина на Варшава, а според некои информации станува збор за група која планирала да оди на аџилак во Меѓугорје, додаде тој.

Тој рече дека постои можност некој друг да е заробен под автобусот, но дека автобусот бил максимално прегледан и се надеваат дека тоа не е така.

Се чека и список со имиња на патници. Според информациите со кои располагаат хрватските власти, во автобусот имало 43 лица.

На прашањето колку возачи има и дали има меѓу повредените, тој рече: „Тоа е дел од информациите што сѐ уште се утврдуваат“.

Loading...

Според она што можеа да го видат луѓето на теренот, немаше деца“, изјави Божиновиќ.

Тој изјави дека меѓу тешко повредените има и такви кои се борат за живот. „Има многу повредени, во оваа несреќа имаме само оние кои ги загубија животите и оние кои се повредени. Нема кој да се спаси без повреди“, изјави Божиновиќ.

Причините за несреќата се утврдуваат, а се претпоставува дека возачот заспал на воланот, пренесува Јутарњи лист.