Бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва се искачи на 93

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинатите во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва се искачи на 93, објави денеска Рускиот истражен комитет новиот биланс на нападот.

Loading...

„Во моментов е утврдено дека загинале 93 лица. Бројот на загинати ќе продолжи да се зголемува“, се вели во соопштението на Истражниот комитет за Телеграм, а пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

Напаѓачи облечени во маскирни униформи упаднаа синоќа во голема концертна сала во Москва и отворија оган, при што ја запалија.

 

 

Според агенцијата, според прелиминарните податоци, луѓето загинале од прострелни рани и труење.

За време на нападот терористите употребиле автоматско оружје и со запалива течност ги запалиле просториите на концертната сала.

Loading...

Напаѓачите, наводно, побегнале со автомобил, а одговорноста за овој чин ја презеде Исламската држава, која објави кратко соопштение преку каналот Телеграм на новинска агенција поврзана со терористичката група.

Шефот на руската Федерална служба за безбедност утринава соопшти дека се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои директно учествувале во нападот.

 

 

Горните катови на салата Крокус се речиси целосно изгорени, а над градот може да се забележи чад.

Главната руска државна истражна агенција, Истражниот комитет, претходно денеска објави дека се убиени повеќе од 60 луѓе.

Здравствените власти објавија список од 145 повредени, од кои 115 се хоспитализирани, меѓу кои и пет деца.

Loading...

Претставник на американското разузнавање изјави за АП дека американските разузнавачки агенции дознале дека огранокот на групата во Авганистан планира напад во Москва и ги споделил информациите со руските официјални лица.

Не е познато што точно се случило со напаѓачите по нападот, а владините истражители го третираат како тероризам.

Нападот, во кој беше запалена концертната сала, а покривот се урна, беше најтешкиот во последните години во Русија и се случи во време кога војната на Москва во Украина влегува во третата година.

 

 

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин нападот го нарече „огромна трагедија“.

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран неколку минути откако напаѓачите упаднале во салата Крокос во западната периферија на Москва, која може да собере 6.200 луѓе.

Loading...

Нападот се случил додека толпата се собрала за настап на руската рок група Паник.

Некои руски медиуми наведуваат дека може да има уште жртви заробени во пожарот што избувна кога напаѓачите фрлија експлозив.

Обвинителството соопшти дека неколку мажи во маскирни униформи влегле во концертната сала и отвориле оган врз гледачите.

На видеата објавени од руските медиуми се гледа како мажи со автоматска пушка пукаат директно во луѓето што врескаат.

На едно видео се гледа како маж вели дека напаѓачите ја запалиле салата, додека во позадина се слуша непрекинат оган.

Чуварите во концертната сала немале оружје и можно е некои од нив да се убиени на почетокот на нападот, јавуваат руските медиуми.

Loading...

 

 

Во изјава за својата новинска агенција Амак, терористичката група Исламска држава објави дека напаѓачите нападнале христијански собир во Красногорск на периферијата на Москва, при што убиле и раниле стотици луѓе.

Веднаш не беше можно да се потврди автентичноста на нивното тврдење, пишува агенцијата АП.

Loading...