Бројот на загинати во Сирија и Турција надмина 51.000

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија надмина 51.000, соопшти турската агенција за управување со катастрофи (АФАД).

Loading...

Турската агенција за справување со катастрофи (АФАД) објави дека бројот на жртвите од разорните земјотреси во оваа земја се искачи на 45.089 лица, а вкупниот број на жртви од земјотресите, вклучително и Сирија, се искачи на околу 51.000 загинати.

Само во Турција во земјотресот се повредени 108.000 луѓе, додаваат од АФАД.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во 9 часот по средноевропско време во парламентот ќе се обрати пред членовите на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК).

Главни теми на ова обраќање ќе бидат санирањето на последиците од земјотресот, како и претстојните парламентарни и претседателски избори во Турција.

Силни земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Само две недели подоцна, два силни земјотреси, со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала, ја погодија турската провинција Хатај, а како што објавија локалните медиуми, најмалку 11 лица загинаа во тие земјотреси во Турција и Сирија.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...