Најмалку 35.143 луѓе загинаа во разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција, на границата со Сирија.
Според последните податоци, во Турција загинале најмалку 31.643 лица.
Над 3.500 луѓе загинаа во Сирија, додека над 5.000 се повредени.
Спасувачките операции продолжуваат и денеска. Се намалува надежта да се најде уште жив.
Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Турција, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, од која се погодени околу 13 милиони луѓе.
За потсетување, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во понеделник рано наутро го погоди југот на Турција, на границата со Сирија.Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик Кахраманмарас.
Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот.
После тоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди квартот Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.
Во десет провинции во Турција е прогласена вонредна состојба.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.