Бројот на загинати во рускиот напад на Лавов се искачи на 10, бидејќи утрово во урнатините на станбена зграда е пронајдено тело на жена, изјави градоначалникот Андриј Садовји.
Loading...
МВР соопшти дека во нападот во средата вечерта биле ранети 42 лица, меѓу кои три деца.
Оштетени се 35 згради, а во Лавов е прогласена дводневна жалост.
Украинската армија објави дека Русија лансирала 10 ракети „Калибр“ од Црното Море во Лавов, од кои седум биле уништени во воздух.
Лавов е на 70 километри од границата со Полска, јави ДПА.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.