Бројот на загинати од оштетувањата на хидроцентралата „Каховка“, што доведе до поплави во областа Херсон, се искачи на 46, изјави за ТАСС неименуван извор од службите за итни случаи.
„Според последните податоци загинаа 46 лица, а други 122 се повредени. Повредените се хоспитализирани со хипотермија и други повреди“, рекол изворот.
Украинската армија на 6 јуни изврши ракетен напад врз „Каховка“ и ги оштети вентилите на браната, поради што дошло до неконтролирано излевање на вода.
Уништувањето на дел од хидроцентралата предизвика сериозни штети. Водата носи почва од земјоделските површини долж реките Днепар, а постои ризик да има драстичен пад на нивото на водата во Северен Кримски Канал.
Руската истражна комисија покрена кривична истрага.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.