Бројот на заболени во Македонија порасна на 70

Сподели со своите пријатели

Тројца нови случаи позитивни на коронавирус во Македонија се регистрирани денеска попладне, со што вкупната бројка на заболени е точно 70, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Во текот на целиот денешен ден се направени 43 тестирања, а три се позитивни.

– Трите нови, една пациентка која патувала во Србија, бабата на девојчето од Штип има позитивен тест и уште еден пациент од Скопје. Градови во кои сега има се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид, информираше Филишче

Сите пациенти, како што појасни тој, се со релативно стабилна клиничка слика, лесна до средна. Повозрасната пациентка која е на Клиниката за инфективни болести е во доста влошена состојба.

– Пациентката која е на распираторна машина е единствена на механички асистирана вентилација и вчера навлезе во критична фаза, се прават сите напори во смисла на дополнилна поддршка и терапија и поддршка на сите органски системи но нејзината ситуација е покритична од тоа што беше. Сите останати пациенти се непроменети, направена е домашна визита кај скоро сите кои се во домашно лекување, во текот на вчерашниот ден и денеска да се завшри домашната визита. Има пациенти кои бираат да се лекуваат дома и да не бидат хоспитализирани, а тоа нивната сосотјба го дозволува, според изработен алгоритам од стручни лица на Клиниката на инфективни болести, изјави министерот Филипче.

Двајца од сите на клиниката се веќе во подобра состојба, појасни министерот одговарајќи на новинарските прашања.

Никола Ивановски


Leave a Reply