Бројката на издадени потврди за мигранти надмина 90 илјади

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 08,00 часот на 21.09.2015 до 22.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.347 странски државјани, од кои, 921 се од машки пол, 161 се од женски, 179 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 86 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Loading...

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-672, Авганистан –459, Ирак-150,додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 22.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 90.774 странски државјани, од кои, 60.490 се од машки пол, 12.284 се од женски, 15.156 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.844деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-71.342, потоа Авганистан-7.624, Ирак-4.904, Пакистан-2.569 Палестина-961, Сомалија-628, Бангладеж-595, Иран-418, Конго-361, Нигерија-221, Камерун-165, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-111, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 21.09.2015 до 22.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 21.09.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Како што додаваат од Министерството за внатрешни работи на Табановце, мобилните тимови на Црвениот крст на РМ укажале помош на 211 лица само во последните 24 часа, а биле поделени 205 шишиња вода, 17 пакети со храна (дополнително се делат и сендвичи – донација од Прокредит банка), 13 кутии бисквити, 44 ќебиња, 9 шишиња за бебиња и 18 пакети со хигиенски препарати.

Loading...