Брод за крстарење спаси 77 мигранти во чамец пронајден кај грчкиот брег

Сподели со своите пријатели

Брод за крстарење утрово спасил 77 мигранти во чамец кој испратил повик за помош недалеку од југозападниот брег на Грција и ги превезол до најблиското големо пристаниште, соопштија денеска грчките власти.

Loading...

Крузер со малтешко знаме рано утринава го пронашол бродот на 207 километри југозападно од градот Пилос, соопшти крајбрежната стража.

Во операција координирана од грчките спасувачки служби, мигрантите се префрлени во пристанишниот град Каламата.

Се уште нема информации за исчезнатите, ниту за националноста на спасените, ниту од каде тргнале и каде одат.

Грција лежи на една од најпопуларните миграциски рути за луѓето кои бегаат од конфликти и сиромаштија на Блискиот Исток, Африка и Азија и сакаат да влезат во Европската унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во ЕУ во август се регистрирани 643.637 нови автомобили