Брод со мигранти потона крај грчки остров

Сподели со своите пријатели

Дваесет мигранти се спасени, а неколкумина се сметаат за исчезнати при потонувањето на брод денеска во водите кај грчкиот остров Хиос, недалеку од Турција, соопшти грчката крајбрежна стража.

Loading...

Спасените мигранти изјавија дека на бродот имало 27 лица, се наведува во соопштението на крајбрежната стража, која им пришла на помош во тешки временски услови, со поддршка од брод на НАТО, два хеликоптери и неколку бродови.

Хиос е оддалечен само седум километри од турскиот брег.

Според УНХЦР, повеќе од 2.500 луѓе го преминале Егејското Море од Турција оваа година, наспроти 9.700 минатата година, кога повеќе од 100 луѓе загинаа или исчезнаа.