Брод со 200 тони помош за Газа тргна од Ларнака

Сподели со своите пријатели

Брод со речиси 200 тони храна за Газа утрово го напушти пристаништето Ларнака на Кипар, како дел од тестирањето на новиот поморски коридор за директна испорака на помош во палестинската енклава.

Loading...

Брод во сопственост на шпанската невладина организација „Опен Армс“ исплови од пристаништето Ларнака, со шлеп со основни намирници, а не е познато каде се планира да се закотви кога ќе стигне во Газа, јавува Би-би-си.

Мисијата, која најмногу ја финансираат Обединетите Арапски Емирати, ја организира американската невладина организација „World Central Kitchen“, додека шпанската невладина организација „Open Arms“ го обезбедува бродот.

Иницијативата се спроведува одделно од американскиот план за изградба и управување со пловечка док во близина на брегот на Газа, што ќе овозможи брза испорака на хуманитарна помош, наведува Би-Би-Си.

Хуманитарните организации имаат намера да достават помош директно до Газа, која е под блокада од почетокот на израелската офанзива како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.