Бритиш ервејс укинува околу 10.000 летови

Сподели со своите пријатели

Бритиш Ервејс планира да откаже околу десет илјади кратки летови оваа зима, што е околу осум отсто од зимскиот распоред.

Loading...

Од британската авиокомпанија велат дека целта на овој потег е да се минимизираат нарушувањата, а тоа ќе влијае и на некои долги летови, пренесува Би-би-си.

Бритиш ервејс ќе укине и десет повратни летови дневно, за вкупно 629 летови до крајот на октомври.

Најголем дел од откажаните летови ќе бидат на релации кои имаат алтернативен превоз до истите дестинации.

Американ ерлајнс откажа повеќе од триесет илјади летови

Минатата недела Американ ерлајнс откажа приближно 31.000 летови, што е околу 16 отсто од нејзиниот ноемвриски распоред.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Тоа е огромна бројка во споредба со 19.000 летови кои американскиот авиопревозник претходно ги откажа летово.

Авиокомпаниите го обвинуваат постојаниот недостиг на персонал, заедно со големата побарувачка за патувања.

Најголем проблем е недостатокот на пилоти.

Loading...

Повеќе од една третина од доцнењата во светот може да се случат во Соединетите Американски Држави.

На пример, во понеделникот, најмалку 20 отсто од летовите беа одложени на триесет големи американски аеродроми.