Британско разузнавање: Русите многу веројатно влегле во центарот на Бахмут

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана утрово го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање, во кој се занимаваат со ситуацијата во источниот украински град Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го освојат од јули минатата година.

Loading...

Во извештајот се наведува дека руските сили „многу веројатно влегле во центарот на Бахмут и го окупирале западниот брег на реката Бахмутка“.

Разузнавачите истакнуваат дека „веројатно е сериозно загрозена клучната украинска рута за снабдување на западниот дел од градот“.

„Веројатно, на локално ниво, членовите на платеничката група Вагнер и командантите на руската регуларна армија привремено ги паузираа конфликтите и ја подобрија соработката“, се вели во извештајот.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...