Британските возачи протестираа поради горивото. Полицијата ги уапсила бидејќи возеле бавно

Сподели со своите пријатели

Повеќе од десетина демонстранти се уапсени поради споро возење за време на протестите на автопатот во Англија, Велс и Шкотска организирани поради поскапувањето на горивото.

Loading...

Возеа со помала брзина по автопатите со три ленти, оставајќи ја надворешната лента слободна.

Дванаесет лица беа уапсени од полицијата за време на протестот на М4, што доведе до затворање на мостот Принц од Велс. Уште еден маж е уапсен во близина на А38.

Демонстрантите организирани на социјалните мрежи демонстрираа против зголемувањето на цените на горивото и возеа во низа конвои со брзина помала од 48 км/ч за да предизвикаат сообраќаен метеж на главните патишта и автопати.

Проблемот со поскапувањето на горивата

Началникот Том Хардинг, од полициската станица Гвент, рече дека луѓето биле уапсени поради возење под 48 километри на час подолг временски период.

Полицијата соопшти дека на организаторите на протестот им било доставено законско известување за да ги спречат да го блокираат мостот на реката Северн, во кој се вели дека не смеат да возат под таа брзина.

Тарик Акрам, возач на камион од Сканторп, рече дека бил во конвој од 50 возила што патувал низ Сканторп и Донкастер со брзина од 32 километри на час.

Тој за Би-Би-Си изјави дека неговата компанија направила дополнителни трошоци во износ од 4.000 фунти во изминатите четири месеци поради зголемените цени на горивото.

Loading...

„Излезноста беше апсолутно фантастична. Само од нашата област учествуваа 35 возила. Во еден момент помислив дека некои автомобили сакаат да ја престигнат колоната, па сакав да ги пропуштам, а потоа сфатив дека сакаат да се приклучат на протестот, рече Акрам.