Британската влада денеска објави дека некои електрани на јаглен, кои требаше да бидат затворени подоцна оваа година, можеби ќе мора да останат отворени за да се обезбеди снабдување со електрична енергија следната зима.
Земјите ширум Европа прават планови за вонредни состојби во случај на големи прекини во снабдувањето со руски гас по нападот на Москва врз Украина, при што Русија учествува со околу 40 отсто од вкупниот европски увоз на гас.
„Со оглед на илегалната инвазија на Русија на Украина, сосема е оправдано да се истражат широк спектар на опции за понатамошно зајакнување на нашата енергетска безбедност и домашно снабдување“, рече портпаролот на владата во Лондон во изјавата, според Ројтерс.
Велика Британија добива околу 50 отсто од својата електрична енергија од електрани на гас. Иако Русија учествува со само околу 4,0 отсто во покривањето на потребите на британскиот гас, можното големо нарушување на снабдувањето ќе влијае на цените во Европа и ќе ѝ отежне на Британија да снабдува гас од други добавувачи.
Германија подготвува резервен план ако Русија го прекине гасот
„Иако нема недостиг од снабдување со гас, можеби ќе треба да ги ставиме на располагање нашите преостанати електрани на јаглен за да обезбедиме дополнителна резервна електрична енергија следната зима доколку е потребно“, додаде владиниот портпарол.