Британскиот премиер Риши Сунак денеска отпатува за Киев за да објави нов пакет воена помош од 2,5 милијарди фунти (2,9 милијарди евра) за Украина за 2024-2025 година, соопшти Даунинг стрит.
Loading...
Поздравувајќи ја решителноста на Киев да се брани од руската инвазија, Сунак рече дека и Велика Британија нема да се „поколеба“.
„Ќе бидеме со Украина, во најтемните моменти и во подобрите времиња што доаѓаат“, рече британскиот премиер.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.